среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 28
home Регион

Усвоена Декларација на вонредна седница: Косовските Срби ја прекинуваат комуникацијата со властите од Приштина

Усвоена Декларација на вонредна седница: Косовските Срби ја прекинуваат комуникацијата со властите од Приштина

Собранието на општината Косовска Митровица на вонредна седница ја услови Декларацијата за прекин на комуникацијата, соработката, на сите службени и институционални односни со институциите во Приштина.

-Органите на албанската и приштинската администрација во општините на северот од Косово од денес не постојат. Понатамошно функционирање на локалната самоуправа по приштинскиот, албански систем за северот од Косово се запира, а органите на власта и општинските служби нема да функционираат додека локалното собрание не заседава. Одлуката останува до повлекување на дискриминаторската одлука на Приштина, е соопштено на вонредна седница.

Претходно, градоначалникот на Косовска Митровица Горан Ракиќ денеска поднесе оставка на таа должност, поради, како што рече, дискриминаторската политика на Приштина, која е насочена против српскиот народ.

Тој истакна дека оставката ја поднесува поради таксите од 100 отсто, после кои децата во Косово нема да имаат храна и услови за нормален живот, поради упадите на РОСУ и поради обидот за убиство на потпретседателот на Српска листа Милан Радоичиќ.

Коронавирус