четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 19
home Регион

Уште една жртва од коронавирусoт во Албанија

Уште една жртва од коронавирусoт во Албанија

Во Албанија регистрирана е уште една жртва од новиот коронавирус,со што вкупната бројка на починати се зголеми на 23 лица.

Министерството за здравство и социјална заштита синоќа соопшти дека починала 72-годишна жена од Тирана.

„Пациентката В.С.(72) беше хоспитализирана во Инфективната клиника и последните неколку дена беше на интензивна
терапија. Состојбата нагло и се влоши во четвртокот попладне поради што беше интубирана. И покрај сите напори
на лекарите не преживеа. Таа боледуваше и други болести, стои во соопштението на министертвото.

Во Албанија последните неколку дена се забележува опаѓање на бројот на ново дијагностицирани со Ковид-19. Вчера
беа регистрирани нови девет случаи со што вкупната бројка сега изнесува 409 лица,од нив 165 се излекувани.

Еден од најпознатите албански инфектолози,Тритан Кало, смета дека тешките денови веќе припаѓаат на минатото,но
сепак не се согласува со олеснувањето на карантинските мерки кои ги најавува премиерот Еди Рама.

-Олеснувањето или укинувањето на овие мерки, доколку не се придружени со други присилни мерки е предвремено.
Либерализацијата на мерките мора да биде постепена, како што тоа го направија Јапонија и Јужна Кореја,изјави Кало.

Кало, исто така, се осврна на дебатата меѓу опозицијата и владата во врска со начинот на тестирање, за кое
опозицијата смета дека треба да биде масовно а власта дека тоа треба да го кажат експертите. За него тоа е непотребна дебата.

Коронавирус