среда, 23. септември 2020. Вести денес: 134
Во живо

Протест на ВМРО-ДПМНЕ против неправдите, реваншизмот и насилството на мафијата на Заев

home Регион

Уште две жртви од коронавирус- вкупно 15 лица починаа во Албанија

Уште две жртви од коронавирус- вкупно 15 лица починаа во Албанија

Албанското Министерство за здравство и социјална заштита соопшти дека двајца пациенти дијагностицирани со Ковид19 попладнево починале во Инфективната клиника во Тирана, со што бројот на починатите од опасниот вирус се зголеми на 15 лица.

-Попладнево починаа двајца пациенти кои беа хоспитализирани во Инфективната клиника во Тирана. Едниот е 77 годишен жител на градот Каваја, кој две недели беше третиран во клиниката,а почина ненадејно од срцев инфаркт. Боледуваше од срцеви болести и од дијабет. Вториот е 69 годишен жител на Хас,кој беше третиран осум дена а последните три дена беше интубиран,стои во соопштението на министерството.

Министерството изразува сочувство до семејствата на починатите и ги повикува граѓаните ригорозно да ги почитуваат мерките за социјална дстанца и изолација, бидејќи тие се одлучувачки во спречувањето на ширењето на „Ковид 19“.

Како што на пладне информираше заменик министерката за здравство и социјална заштита,Мира Ракацели, во земјата бројот на заразените е 243 што е за 20 повеќе од вчера. Најголемиот број од заболените се во Тирана или 129, Драч 26,Фиер 23 и Корча 15. Досега излекувани се 52 лица заболени од коронавирус.

Коронавирус