среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 131
home Регион

Уште 20 Срби се повлекле од косовските безбедносни сили

Уште 20 Срби се повлекле од косовските безбедносни сили

Уште 20 косовски Срби, припадници на Безбедносните сили на Косово (ФСК), решиле да се повлечат од оваа формација, јави дописникот на МИА од Приштина.

Телевизијата Мост од северна Митровица јави дека 20 Срби кои биле припадници на ФСК денеска побарале прекин на договорот и веднаш ја напуштиле работата.

Според оваа телевизија на српски јазик, пред два дена истото го сториле осуммина други Срби.

Косовските власти тврдат дека ова се случува поради големиот притисок од страна на официјален Белград и од паралелните српски структури во Косово врз Србите кои се припадници на ФСК.

На овој проблем беше посветена и денешната седница на Советот за безбедност на Косово, свикана од премиерот Рамуш Харадинај.

МИА

Коронавирус