вторник, 19. ноември 2019. Вести денес: 76
home Регион

Украдена гласачка кутија во Атина: Влетале маскирани, па фрлиле пиротехнички материјали

Украдена гласачка кутија во Атина: Влетале маскирани, па фрлиле пиротехнички материјали

Непознати и маскирани лица влетале во гласачко место во атинската населба Ексархија што важи за населба- собиралиште на анархистите и украле гласачка кутија, кусо по завршувањето на гласањето.

Откако ја украле гласачката кутија, фрлиле пиротехнички материјали и побегнале.

Неофицијално, според грчките медиуми, на централниот плоштад во Ексархија, маскираните лица ги запалиле гласачката кутија и гласачките ливчиња.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, 40-ина минути по затворањето на гласачките места, во Ексархија се забележува големо полициско присуство.

За сега, нема информации за приведени или уапсени лица.