среда, 22. јуни 2022. Вести денес: 171
АКТУЕЛНО

Падна владата во Бугарија, Кирил Петков повеќе не е премиер

home Регион

Укинати сите Ковид ограничувања за влез во Хрватска

Укинати сите Ковид ограничувања за влез во Хрватска

И патниците од трети земји отсега ќе можат да патуваат во Хрватска без ковид сертификати или негативен тест.

Со тоа, како што потврдија од хрватското МВР од денеска повеќе не важат ограничувањата на границите што беа донесени за време на пандемијата на коронавирус.

„Важноста на Одлуката за привремено ограничување на преминувањето на граничните премини на Република Хрватска, која важеше до 30 април 2022 година, не е продолжена. Затоа, влезот во Република Хрватска е дозволен под условите за влез кои важеле пред епидемијата на Ковид-19, односно под условите пропишани со Шенгенскиот граничен кодекс, Законот за странци итн., но без исполнување на епидемиолошки услови“, соопштија тамошните власти.

Коронавирус