понеделник, 16. декември 2019. Вести денес: 58
home Регион

Удвоен бројот на барања за германски работни визи од Балканот

Удвоен бројот на барања за германски работни визи од Балканот

Германија се соочува со дуплирање на барањата за работни визи од балканските земји, а нејзините дипломати во регионот веќе не се во состојба да ги обработат сите барања, пишува „Шпигел“.

Амбасадите на Германија во Македонија, Албанија, Босна, Косово, Србија и Црна Гора добиле дури 52.000 вакви барања во првата половина на 2018 година, што е двојно повеќе во споредба со истиот период во 2015 година. Најмногу работни визи се издаваат во секторите градежништво, угостителство и грижа за стари и болни лица.

– Бројот на примени барања далеку ги надминува капацитетите на нашите конзуларни претставништва, што доведе до се повеќе жалби од страна на претставници на стопанството, политичката и граѓанското општество, пишува во интерен документ на германското Министерство кое го објави „Шпигел“.