недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 78
home Регион

Училиштата и угостителските објекти во Грција остануваат затворени до 7 јануари 2021 година

Училиштата и угостителските објекти во Грција остануваат затворени до 7 јануари 2021 година

Новогодишните и божиќните празници, Грците ќе ги поминат со затворени кафулиња и угостителски објекти, со оглед на тоа дека заедно со училиштата, објектите за забава, судовите, спортските активности и ски центрите во цела Грција ќе останата затворени до 7 јануари 2021 година, како што денеска соопшти портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас на редовниот брифинг со новинарите, јави дописничката на МИА од Атина.

Паралелно, до 7 јануари продолжена е и забраната за јавни собири, но и полицискиот час што е веќе во сила, а забрането е и патување меѓу региони.

За сите оние кои се вратат од странство во Грција, ќе треба да имаат негативен ПЦР тест, ќе бидат подложени на рапид тест при пристигнувањето, а за периодот од 18 декември до 7 јануари ќе треба да бидат во десетдневен превентивен карантин.

За работата на црквите, фризерските салони и продавниците за малопродажба што се затворени поради карантинот, Пецас рече на крајот од седмицава Владата ќе излезе со соопштенија, а за работата на црквите за време на божиќните и новогодишните празници, грчкиот премиер во следните денови ќе стапи во контакт со поглаварот на Грчката православна црква. (МИА)

Коронавирус