понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 0
home Регион

Учениците во Албанија ќе имаат продолжен празничен одмор

Учениците во Албанија ќе имаат продолжен празничен одмор

Учениците од основното и средното образование во Албанија ќе имаат продолжиме празничен одмор, одлучи Комитетот на експерти за справување со пандемијата со Ковид-19.

-Празничниот одмор за над 430.000 основци и средношколци почнува на 24 декември, а учениците на настава треба да се јават на 11 јануари, наместо, како вообичаено на 4 јануари. Епидемиолошката состојба во земјата ќе биде редовно аналзирана, од што ќе зависи дали ќе има други измени, информираше Комитетот.

Во Албанија учебната 2020/2021 година почна на 15 септември со физичко присуство на учениците.

Поради влошената епидемиолошка состојба по оценка на Комитетот наставата во основното и средното образовение во Албанија, од први декември се одвива комбинирано, онлајн и со физичко присуство на учениците.

Учениците од прво до петто одделение во основните училишта,како и матурантите, следат настава со физичко присуство, останатите онлајн. Наставата во приватните училишта и во селските населени места каде има помал број ученици наставата се одвива со физичко присуство.

Со одлука на Комитетот од 24 декември се зголемува и времетраењето на полицискиот час.Наместо од 22 до 6 часот, што беше воведено на 11 минатиот месец, ограниченото движење од 24 декември до 4 јануари ќе трае од 20:30 часот до 6 часот, по што од наредниот ден се враќа претходната одлука за времетраењето на полицискиот час.

Коронавирус