понеделник, 19. април 2021. Вести денес: 176
home Регион

Убиен познат нарко-бос во центарот на Тирана (ВИДЕО)

Убиен познат нарко-бос во центарот на Тирана (ВИДЕО)

Утрово во центарот на Тирана беше убиен 66-годишен маж, за кого медиумите во Албанија наведоа дека станува збор за познат нарко бос.

Тој бил застрелан од огнено оружје со пригушувач, а според „АБЦ Албанија“, се работи за Бехар Суло Софија кој и е добро познат на полицијата по своите криминални активности.

Тој беше уапсен пред неколку години за шверц на десетици килограми дрога од Турција во Албанија и беше инволвиран во инцидент во Драч во 2009 година, во кој беа убиени четворица полицајци.

Полицијата тврди дека неговото убиство било добро организирано и се претпоставува дека убијците пукале од автомобил во движење.

Истрагата е во тек, а полицијата ги разгледува камерите за надзор поставени во областа каде што тој беше убиен.

Коронавирус