петок, 30. јули 2021. Вести денес: 150
home Регион

УБАВА ВЕСТ ЗА СИТЕ ШТО ЌЕ ПАТУВААТ НАДВОР: Од 1 јули се укинува роамингот на Западен Балкан

УБАВА ВЕСТ ЗА СИТЕ ШТО ЌЕ ПАТУВААТ НАДВОР: Од 1 јули се укинува роамингот на Западен Балкан

Од четврток се укинува роамингот помеѓу Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија и Албанија. Тоа во изјава за српски медиуми го потврди помошникот министер за трговија, туризам и телекомуникации на Србија, Милан Добријевиќ.

„Ова е последната фаза од спроведувањето на договорот склучен во Белград во април 2019 година и во таа последна фаза, чија имплементација започнува на 1 јули, ние целосно ќе го укинеме роамингот на Западен Балкан. Тоа значи дека цените за СМС пораки и користените податоци на мобилните мрежи во националниот сообраќај ќе бидат идентични на територијата на Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија и Србија“, нагласи Добријевиќ.

Тој потенцираше дека цените на услугите за мобилна телефонија се изедначени за сите споменати земји, но ги замоли граѓаните да ги информираат своите оператори за деталите пред патувањето поради различните пакет-услуги што ги имаат, со цел да се избегнат недоразбирања и непријатности.

Коронавирус