петок, 14. мај 2021. Вести денес: 14
home Регион

УБАВА ВЕСТ – Црна Гора ги укинува ПЦР тестовите за македонските државјани

УБАВА ВЕСТ – Црна Гора ги укинува ПЦР тестовите за македонските државјани

Милојко Спајиќ, министерот за финансии и социјала на Црна Гора објави дека неговата земја ги укинува ПЦР тестовите за македонските државјани.

Покрај Македонија, Црна Гора ги укинува ПЦР тестовите и за државјани на Русија, Белорусија и Украина.

– Драго ми што можам да ве информирам дека сите ограничувачки мерки, вклучително и ПЦР-тестирање, за граѓаните на Русија, Белорусија, Украина и Македонија ќе бидат укинати за посета на Црна Гора оваа туристичка сезона, објави Спаиќ на руски јазик на Твитер.

Најверојатно во деновите кои следат точно ќе се знае конкретниот датум.

Коронавирус