понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 51
home Регион

Уапсениот командант на УЧК Насим Харадинај, прв братучед на Рамуш Харадинај со шокантна изјава: Убивав српски војници секогаш кога имав можност за тоа!?

Уапсениот командант на УЧК Насим Харадинај, прв братучед на Рамуш Харадинај со шокантна изјава: Убивав српски војници секогаш кога имав можност за тоа!?

Потпретседателот на здружението на ветерани на Ослободителна војска на Косово УЧК, Насим Харадинај, кој вчера беше уапсен во Приштина, даде шокантна изјава фалејќи се со убиството на српски војници, објави vocentar.com

Во емисијата „Фронтал“, Насим, инаку прв братучед на Рамуш Харадинај, го изрази својот револт кон формирањето на Судот за злосторства на ОВК, пред кој може и самиот да се најде.

Насим вчера беше уапсен од припадници на специјалните единици додека доаѓаше во канцелариите на телевизијата Т7 на интервју. Тој одбил да влезе се додека не пристигнат припадници на косовската полиција и го обвини новинарот Вехби Кајтази за апсење.

Припадниците на ОВК во областа Метохија започнаа со поголеми терористички напади есента 1997 година, а Рамуш Харадинај беше еден од нивните водачи. Така, на 26 ноември 1997 година, полицијата во селото Лауша беше нападната, но терористите беа одбиени и еден од нив беше убиен (Хасим Геци). На неговиот погреб, два дена подоцна, за првпат се појави група членови на ОВК во униформи и обележја, вклучувајќи го и Даут Харадинај. Тој и неговите браќа го организираа седиштето на ОВК во неговото родно село Глоѓани и стана првиот заменик на Рамуш Харадинај.

Убивав српски војници секогаш кога имав можност да го сторам тоа, рече Насим, член на кланот Харадинај.

Текстот во целост на: vocentar.com

Коронавирус