сабота, 19. јуни 2021. Вести денес: 86
home Регион

Уапсени албански државјанин во Италија – кај него биле откриени 400 килограми марихуана

Уапсени албански државјанин во Италија – кај него биле откриени 400 килограми марихуана

Италијанската полиција уапсила албански државјанин откако бил откриен со 400 килограми марихуана, чија вредност на нарко пазарот достигнува вредност од четири милиони евра, објавија албанските медиуми.

Повикувајќи се на италијанската полиција додаваат дека полицијата Албанецот го уапсила на брод натоварен со дрога, неколку милји од брегот на Бриндизи.

Дрогата била транспортирана од Албанија.

Според медиумите полицијата во Лондон уапсила двајца албански државјани на 21 и 23- годишна возраст во чиј стан пронашла и запленила над 100 пакувања со кокаин, вага и други апарати, 60 илјади фунти, огнено оружје и муниција.
Пред два дена, во западниот дел на Лондон уапсени се двајца албански државјани на 41 и 29-годишна возрат. Во акцијата полицијата заплениле 80 килограми кокаин и 400 илјади фунти.

ЕУРО 2020

Македонија