четврток, 23. септември 2021. Вести денес: 0
home Регион

Уапсени 22 лица поради наводна поврзаност со Фетулах Ѓулен

Уапсени 22 лица поради наводна поврзаност со Фетулах Ѓулен

Турските безбедносни сили уапсија денеска 22 лица, осомничени за поврзаност со движењето на муслиманскиот проповедник Фетулах Ѓулен.

Безбедносните сили спровеле антитерористичка акција во северозападниот округ Бурса. При претрес во домовите на осомничените биле конфискувани големи суми пари во различни валути и многу книги од Ѓулен.

Според турските власти, движењето на Ѓулен, кој живее во САД, е одговорно за обидот за преврат во Турција во 2016 година.

Коронавирус