четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 105
home Регион

Уапсен возачот и сопатник во камионот што ја предизвика несреќата во Гњилане

Уапсен возачот и сопатник во камионот што ја предизвика несреќата во Гњилане

Возачот на камионот што ја предизвика тешката сообраќајна несреќа попладнево во Гњилане, во која загина едно лице а околу 20 се повредени, е уапсен заедно со уште едно лице кое било сопатник во возилото, соопшти портпарол на косовската полиција за гњиланскиот регион.

Како што јави дописникот на МИА од Приштина, портпаролот Исмет Хашани изјави дека полициските и другите единици надлежни за вакви случаи излегле на местото на настанот веднаш по несреќата и ги презеле соодветните дејствија за вакви случаи.

– Сомнежите се дека возачот на транспортното возило, поради технички причини, навлегол со возилото во правец на центарот на градот, при што ланчано удрил во еден пешак, 10 возила и еден трактор. Полицијата во врска со случајот уапси две лица, изјави Хашани.

Косовските медиуми објавија аматерски видео-снимки од несреќата, на кои се гледа како камион, сопственост на косовска фабрика за минерална вода, со голема брзина се движи низ фреквентна зона во центарот на градот, при што, без да ја намали брзината, се судира со повеќе објекти и возила, предизвикувајќи една жртва и повеќе повредени, како и големи материјални штети.

Коронавирус