Во близина на зградата, каде што живее хрватската претседателка Колинда Грабар- Китаровиќ е уапсен маж вооружен со пушка.
Тој со пушката се шетал по улицата пред зградата каде што живее претседателката. Веднаш реагирале специјалци со панцир и кациги, кои го уапсиле мажот. Пред влезот на зградата на претседателката е паркирано полициско комбе и автомобил.
-Околу 15 часот добивме дојава дека непшознато лице се шета вооружен со пушка по Звонимирова улица. По брза акција, лицето е уапсено, ставено под надзор и донесено во службени простории, соопштуваат од полицијата.
loading...