петок, 4. декември 2020. Вести денес: 163
home Регион

Уапсен маж кој проследувал на Вибер податоци за заболени од Ковид-19

Уапсен маж кој проследувал на Вибер податоци за заболени од Ковид-19

Црногорската полиција уапси лице под сомнение дека сторило кривично дело неовластено собирање и употреба на лични информации, соопшти синоќа Основното јавно обвинителство во Подгорица.

Како што наведува РТЦГ, се сомнева дека лицето М.Р. како службено лице задолжено за податоци за пациенти со Ковид-19, преку апликацијата Вибер, ги доставувало овие информации на други лица.

Според црногорски медиуми, М.Р.бил вработен во Здравствениот дом во Подгорица.

Коронавирус