сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 83
home Регион

Уапсен директорот на Српски железници поради корупција

Уапсен директорот на Српски железници поради корупција

Директорот на јавното претпријатие „Инфраструктура на Српски железници“ е уапсен поради земање поткуп, изјави денеска на прес-конференција српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ.

Покрај директорот М.Ј., уапсени се уште три лица, од кои еден член на Надзорен одбор и двајца адвоката.

Стефановиќ истакна дека директорот се сомничи оти во службените простории на претпријатието примил поткуп во износ од 10.000 евра од посредник, како награда за корупциски активности при постапка за експропријација на земјиште кое се наоѓа на планираната траса за изградба на брза пруга.

– Полицијата во моментот на апсењето кај осомничениот пронашла пари, истакна српскиот министер, додавајќи оти тие 10.000 ера веројатно биле само еден дел од митото.

Адвокатите биле уапсени поради сомнеж дека го дале поткупот, бидејќи во договор со директорот на Српските железници ги фактурирале своите правни услуги во повеќемилионски износи и тие пари подоцна ги делеле меѓу себе.

– На сите им е одреден притвор од 48 часа, а се очекува Обвинителството за организиран криминал во текот на следните денови да изврши сослушување на осомничените и да преземе натамошни мерки од своја надлежност, нагласи Стефановиќ.

Коронавирус