сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 15
home Регион

У*иство во Приштина како на филм – у*иен во автомобил, оружјето завршило во канта!

У*иство во Приштина како на филм – у*иен во автомобил, оружјето завршило во канта!

Денеска околу 12:00 часот на улицата „Башким Фехмиу“ во Приштина е убиено едно лице со огнено оружје, пренесува ТВ21.

Портпаролот на косовската полиција за регионот на Приштина, Агрон Боровци, изјави дека лицето е убиено со огнено оружје во неговиот автомобил, од друго лице кое било во автомобилот и седело на задното седиште.

Според Боровци, осомничениот е странски државјанин, додека мотивите за ова убиство сè уште не се познати.

Во меѓувреме, истражителите од ѓубрето го извадиле револвер, за кој се сомнева дека бил користен во ова злосторство.

Коронавирус