понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 164
home Регион

ТВ студиото се затресе во програма во живо: Водителот гледаше во таванот преплашен да не се сруши

ТВ студиото се затресе во програма во живо: Водителот гледаше во таванот преплашен да не се сруши

Албанија рано утрово ја погоди силен земјотес со јачина од 6,4 степени, најсилен во последните три децении, во кој загинаа најмалку 13 лица, а над 300 се повредени и причинета е голема материјална штета, а се почувстува и ширум регионот.

Овој страотен потрес се забележан во директен телевизиски пренос на албанската телевизија Њуз 24.

Додека репортерот се јавуваше во живо, камерите забележаа земјотрес, а потресот можел да се види и во самото студио кое се тресеше, додека камерите снимија се.

Водителот остана на своето место и ја продолжи програмата во живо. Неколку пати погледна во таванто, за да провери дека нема да се урне врз неговата глава.

По силниот потрес утрово, се почувстуваат низа послаби потреси. Земјотресот се почувствува во целиот регион, а тлото продолжи да се тресе.

 

Коронавирус