понеделник, 10. август 2020. Вести денес: 6
home Регион

Турскиот министер за внатрешни поднесе оставка по критиките за викенд полицискиот час, Ердоган не ја прифати

Турскиот министер за внатрешни поднесе оставка по критиките за викенд полицискиот час, Ердоган не ја прифати

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган не ја прифати оставката на министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу соопштија синоќа од кабинетот на шефот на турската држава.

Солју претходно вчера на Твитер соопшти дека се повлекува од функцијата откако беше изложен на критики заради воведениот викенд полициски час во поголемите градови во земјата, како одговор во борбата со ширењето на пандемијата на коронавирусот.

„Претседателот не ја прифати оставката на нашиот министер за внатрешни работи, тој ќе продолжи да ја извршува неговата должност“, соопштија од турското претседателство пренесоа британските медиуми.

Турција во петокот вечерта соопшти дека во сила стапува дводневен полициски час во текот на викендот, а во пресрет на неговиот почеток голем број луѓе ги преплавија продавниците во Истанбул, град со 16 милиони жители, за да се снабдат со храна и пијалоци , како и во другите градови.

Одлуката одеднаш да се воведе полицикси час ја критикуваа голем број граѓани ширум земјата, од кои многумина укажаа на тоа дека со таквиот потег се зголемува ризкот од ширење на вирусот.

Коронавирус