среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 0
home Регион

Турската централна банка ја зголеми основната каматна стапка

Турската централна банка ја зголеми основната каматна стапка

Турската централна банка денеска ја зголеми основната каматна стапка од 17,75 отсто на 24 отсто, за да ја стави под контрола инфлацијата и да ја поддржи турската валута по нејзиниот остар пад оваа година.

Комитетот за монетарна политика на Банката денеска ја зголеми еднонеделна репо-каматна стапка и покрај претходните коментари на претседателот Реџеп Тајип Ердоган против зголемувањето на каматите.

Турската лира почна да закрепнува по зголемувањето на стапката, зајакнувајќи за 3,4 проценти на 6,18 лири за долар. Претходно денеска лирата падна за три отсто.

Во соопштението на Централната банка се наведува дека локалната економија слабее, а инфлацијата абрзува. Зголемените каматни стапки може да го забават растот, но независните експерти велат дека е потребно да се спречи инфлацијата, што е околу 18 отсто, и да се поддржи националната валута.

Коронавирус