среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 0
home Регион

Турција воведе полициски час преку неделата и целосна блокада за викендот

Турција воведе полициски час преку неделата и целосна блокада за викендот

урција од денеска воведе полициски час преку неделата и целосна блокада за време на викендите за борба против ширењето на коронавирусот, откако смртните случаи достигнаа рекордно ниво.

„На граѓаните нема да им биде дозволено да го напуштаат домот помеѓу 21 часот и 5 часот наутро во работните денови и воопшто за време на викендите“, изјави претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Некои сектори, вклучувајќи ги синџирите на снабдување и производството, ќе бидат ослободени од мерките.

„Ние внимателно преземаме чекори за да не ја претвориме здравствената криза во целосна економска и социјална криза“, додаде Ердоган.

Коронавирус