сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 0
home Регион

Турција со нова одлука за Аја Софија

Турција со нова одлука за Аја Софија

Турција денеска именуваше тројца имами за Аја Софија, од кои еден е професор по верски студии, пред првата молитва во овој објект во Истанбул по 86 години.

Првата муслиманска молитва во Аја Софија треба да се одржи денеска пред стотина верници, а најавено е дека ќе присуствува и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Турскиот министер за верски работи Али Ербас изјави дека се назначени тројца имами кои ќе ја предводат молитвата, а тоа се Мехмет Бојнукалина, професор по исламско право на истанбулскиот Универзитет Мармара, Ферух Мустуера и Буњамина Топчуоглу, кои се имами во други две џамии во Истанбул.

Ербас именуваше и петмина мујезини за Аја Софија, лица кои ги повикуваат муслиманите на молитва од врвот на минарето.

Властите ги означиле местата надвор од Аја Софија, каде на денешната молитва ќе стојат мажите, а каде жените, а како што е најавено ќе бидат ангажирани 17.000 припадници на обезбедување. Улиците кои водат до верскиот објект ќе бидат затворени.

Коронавирус