сабота, 15. август 2020. Вести денес: 0
home Регион

Турција: При експлозија во камион, загинаа тројца турски војници

Турција: При експлозија во камион, загинаа тројца турски војници

При експлозија во камион, кој превезувал пиротехника и експлозив, во северозападна Турција загинаа тројца полицајци, а шестмина се повредени.

Пиротехнички средства биле транспортирани од фабрика за да бидат уништени во контролирана експлозија во Сакарија, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Материјалот експлодирал при извлекување од камионот, а двајцата загинати војници се од воената полициска екипа за деактивирање на експлозив.

Материјалот доаѓа од истата фабрика во која при експлозијата пред една недела загинаа седум лица, а повредени се повеќе од 120.

Уапсен е сопственикот на фабриката и четворица вработени. (МИА)

Коронавирус