понеделник, 17. декември 2018. Вести денес: 29
home Регион

Турција осуди 21 човек заради учество во т.н. постмодерен преврат од 1997 година

Турција осуди 21 човек заради учество во т.н. постмодерен преврат од 1997 година

Вкупно 21 лице меѓу кои и поранешен началник на ГШ на армијата беа осудени за учество во т.н. „постмодерен“ преврат во 1997 година.

Меѓу осудените се поранешниот началник на турскиот ГШ Хакај Карадај и поранешниот армиски генерал Чевик Бир и армискиот генерал Четин Доган.

Пресудите се заради учество во случувањата од 28 февруари 1997 година кога армијата го принуди поранешниот премиер исламист Неџметин Ербакан да поднесе оставка. Тој преврат е познат и како „постмодерен преврат“ или „преврат со железна ракавица“.

Ослободени за истото дело се 68 луѓе.

Турската армија извршила три преврати од 1960 до 1980 година. (МИА)