понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 156
home Регион

Турција најде лежиште на природен гас во Црното Море

Турција најде лежиште на природен гас во Црното Море

Турција најде лежиште на енергенси на Црното Море, најверојато природен гас, соопшти Блумберг.

Повикувајќи се на двајца неименувани извори, директно запознати со ситуацијата, агенцијата истакна дека тие не укажале на капацитетот и на длабочината на наслагите на лежиштето, и не кажале каков е степенот на сложеност за црпење на енергенсот.

Изворите соопштија за ова откако турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган вети дека во петок ќе соопшти „добри вести“, кои ќе означат нова ера во историјата на земјата, истакнува Блумберг.

Тој, исто така, вети дека Турција ќе продолжи со испитувањата во спрорните води на Средоземното Море, акции кои предизвикаа негодување во ЕУ.

Според агенцијата, министерот за енергетика, Фатих Дјонмаз, неодамна истакнал дека пловилото Fatih за откривање наоѓалишта на морското дно, започна разузнавачки активности во областа на пристанишниот град Карадениз Ерегли. (МИА)

Коронавирус