недела, 9. август 2020. Вести денес: 91
home Регион

Турција: Експлозија во фабрика за пиротехника, блокирани 150 работници

Турција: Експлозија во фабрика за пиротехника, блокирани 150 работници

По серија експлозии во фабрика за пиротехнички средства во градот Хендек, во турската провинција Сакарија, повеќе од 150 работници останале блокирани под урнатините, а повредени се најмалку 56 лица.

Засега нема информација за загинати лица.

Гувернерот на провинцијата Четин Октај Кадирим изјави дека на местото на инцидентот веднаш се испратени спасувачки и медицински екипи, но поради зачестените експлозии не можат да интервенираат во фабриката.

Експлозијата во Хендек се слушнала на далечина од десетина километри, објавија локалните медиуми.

Коронавирус