петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 158
home Регион

Турција е згрозена од извештајот на Стејт Департментот

Турција е згрозена од извештајот на Стејт Департментот

Турција денеска го критикуваше Извештајот за човековите права на Стејт департментот.

– Турција е длабоко разочарана од Извештајот. Тој е полн со тврдења и обвинувања во делот кој се однесува за нашата земја, кои не може да бидат прифатени, пишува во соопштението на турското Министерство за надворешни работи.  

Во соопштението натаму стои дека и покрај интензивната борба против сериозни, многубројни терористички закани, Турција продолжува да ги почитува принципите за демократија, како и човековите права и владеењето на правото.

Во извештајот на Стејт департментот, мерките кои Турција ги презема во рамките на борбата против терористичките групи како ДАЕШ ( Исламска држава), СЗН, ПКК (Сили за заштита на народот, Курдистанска работничка партија), ФЕТО (Фетулахистка терористичка организација) и ДХКП-С  ( Револуционерна партија и фронт за народно ослободување) се опишани како „пристрасни“, се вели во соопштението.

– Извештајот ја игнорира борбата на Турција против радикалната терористичка група ФЕТО, која стои зад обидот за пуч во 2016 година, се посочува во соопштението на турското МНР.

Коронавирус