четврток, 19. септември 2019. Вести денес: 85
home Регион

Турчинот што ја претепа својата девојка од Србија, сега се заканува и на нејзиното семејство- „Спремен е на се“

Турчинот што ја претепа својата девојка од Србија, сега се заканува и на нејзиното семејство- „Спремен е на се“

Тања Џукиќ, 24- годишна манекенка која на 2 јуни беше претепана од момчето Чаго Тортоп и натаму стравува за својот живот,

Имено нејзиното поранешно момче не само што и се заканува неа тику и на нејзиното семејство.

Спорен неа Турчинот е огорчен дека целата приказна за насилство допре до јавноста, а според заеднички пријател, Чаги е спремен на се само за да избегне затворкса казна.

„Вчера добив информација дека тој буквално се фали што ја потплатил полицијата и дека мојот доказ од болница нема да се покаже на суд. Исто така ќе сведочи и негов пријател кој треба да каже дека бил со нас и дека јас самата сум си нанела повреди“ рекла Тања.

Тања го пријавила во полиција откако и скршил неколку ребра и искубал косата , но надлежните во Турција не реагирале како што треба.

Откако го пријавив го викнаа на сослушување и го пуштија, а после тој за малку ќе ме убиеше, па откако поднесов кривична ме советуваа да ја напуштам Турција, раскажала таа за Курир.рс.

Потсетуваме дека Тања била во врска со него двегодини, а се запознале откако таа почнала да работи во Истанбул како модел.