сабота, 15. август 2020. Вести денес: 0
home Регион

Троцифрена бројка новозаразени со Ковид-19 во Албанија

Троцифрена бројка новозаразени со Ковид-19 во Албанија

Во Албанија во последното деноноќие регистрирани се 117 новозаразени со Ковид-19, што е прва троцифрена бројка од појавата на пандемијата.

Но, паѓа во очи и зголеменот бројот тестови направени во едно деноноќие. За разлика од досега кога максимум се правеа до 420 сега извршени се 585 тестови.

Во последните 24 часа починати се двајца пациенти во Инфективната клиника, со што бројката на починати се зголеми на 95.

Паралелно со зголемувањето на бројот на новозаразни се зголемува бројот на хоспитализирани или 85,од кои 10 се на интензивна терапија, додека четворица се интубирани и се во тешка здравствена состојба.

Поради трендот на зголемување на лицата кои треба болнички да се лекуваат, Министертвото за здравство и социјална заштита болницата „Шефќет Ндроќи“ повторно ја претвора во Ковид болница.

Од почетокот на пандемјата, во почетокот на март, досега направени се 32.938 тестови, а позитвен резултат е добиен кај 3.571 лице, од кои во списокот на оздравени се внесени 2.014, активни на болеста се 1.462 лица.

По предлог на Комитетот експерти за справување со пандемијата, Владата се очекува да донесе одлука со која носењето заштитна маска ќе биде задолжително, а неносењето парично ќе се казнува. (МИА)

Коронавирус