вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 165
home Регион

Тринаесет заразени за 24 часа во Бугарија, вкупно 624 лица

Тринаесет заразени за 24 часа во Бугарија, вкупно 624 лица

Бројот на потврдени случаи на коронавирус во Бугарија е 624. Тоа го нагласи денеска шефот на Воената медицинска академија и шеф на Националната оперативна канцеларија, генерал мајор Венцислав Мутафчиски.

Новите случаи се 13, во болницата се сместени пет заразени, додека на интензивна нега има 33 пациенти, јави БТА. Инфицираните медицински професионалци се 33.

Има еден пациент кој е заразен за време на хемотерапија и околностите допрва треба да бидат разјаснети.

Планирано е и да се прецизира причината за смртта на пациент кој почина ноќеска во болница во Софија. Во главниот град има најмногу заразени со новиот коронавирус – 370 случаи.

Тестирањето на луѓето во Банско ќе биде кога ќе пристигнат тестовите и засега уверување на компанијата е дека ќе биде в понеделник или вторник. Се разгледа каде да се тестираат и кој од луѓето ќе биде тестиран.

Коронавирус