вторник, 25. септември 2018. Вести денес: 150
home Регион

Трилатерална средба на МНР на Грција, Кипар и Израел

Трилатерална средба на МНР на Грција, Кипар и Израел

Проширувањето на соработката со акцент врз енергетиката била главна тема на трилатералната средба на министрите за надворешни работи на Грција, Кипар и Израел која вчера се одржала во Ерусалим, јави агенцијата АНА – МПА.

Бенјамин Нетанјаху пред средбата го истакнал значењето на трилатералната соработка во енергетскиот сектор и истакнал дека во центарот на вниманието на трилатералната средба бил развојот на Источосредоземноморскиот гасовод. Израелскиот премиер и министер за надворешни работи рекол дека тоа може да стане еден од најголемите подводни проекти во светски рамки. Во исто време истакнал дека трите земји  сметаат дека е особено важно сите држави да ги почитуваат меѓународно признатите територијални води.

Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас изјавил дека на средбата се разговарало и за состојбата на средниот Исток и во Сирија, и ја истакнал потребата од план за постигнување мир.

Кипарскиот министер за надворешни работи Никос Христодулидис го истакнал значењето на соработката меѓу трите земји.

По трилатералната средба, Коѕијас имал состанок со Нетанјаху на кој, според дипломатски извори, било разговарано за ситуацијата на средниот Исток и на Балканот, иднината на ЕУ и порастот на популизмот.

(Миа)