петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 0
home Регион

Три партии се одзваа на повикот на Јанша за разговори околу формирање нова влада на Словенија

Три партии се одзваа на повикот на Јанша за разговори околу формирање нова влада на Словенија

Три партии се одзваа на повикот на претседателот на СДС (Словенечка Демократска Партија) Јанез Јанша на разговори околу можноста за формирање ново парламентарно мнозинство и влада, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Челниците на СМЦ (Партија на Модерен Центар), НСИ (Нова Словенија) и ДеСУС (Демократска Партија на пензионерите во Словенија), се единствените кои одговорија на повикот и ги почнуваат разговорите за формирање нова влада на чело со СДС на Јанша, која има најголем број пратениците во сегашниот состав на словенечкиот Парламент.

Локалните медиуми, повикувајќи се на неофицијални извори, јавуваат дека новата претседателка на партијата ДеСУС Александра Пивец, добила смрттни закани доколку се одлучи да формира коалиција и влада со партијата на Јанша.

Инаку, политичката криза во Словенија започна по одлуката на Марјан Шарец да се повлече од премиерската функцијата и да повика на предвремени парламентарни избори. За прашањето како да се излезе од кризата, сите парламентарни партии веќе беа на консултации кај претседателот на државата Борут Пахор. Дел од партиите, на чело со ЛМШ на Марјан Шарец се за брзи избори, додека друг блок предводен од СДС на Јанша, преферира и прави обид да се формира ново мнозинство во парламентот.

Коронавирус