петок, 26. ноември 2021. Вести денес: 152
home Регион

Три лица загинаа кај Нова Градишка во сообраќајка која потсетува на несреќата во која загина Тоше

Три лица загинаа кај Нова Градишка во сообраќајка која потсетува на несреќата во која загина Тоше

Во сообраќајна несреќа на автопатот А-3 во Хрватска, кај Окучани, меѓу местата Новска и Нова Градишка, попладнево загинаа тројца српски државјани, откако со автомобилот се судриле со камион, јавуваат локалните медиуми.

Во сообраќајката чии околности и локација потсетуваат на несреќата во која загина македонската музичка легенда Тоше Проески, според првичните информации, загинале две машки лица од 35 и 38 години, како и жена стара 57 години.

Според извештаите, возачот на камионот е 25-годишен Босанец, кој бил во голем шок.

Тој изјавил дека во моментите кога сакал да се исклучи од автопатот, во камионот со голема брзина се забил автомобилот во кој биле патниците од Србија.

Коронавирус