понеделник, 18. октомври 2021. Вести денес: 174
home Регион

Трета жртва на грипот во Албанија: Не е потврдено дали мажот починал од сезонски или свински грип

Трета жртва на грипот во Албанија: Не е потврдено дали мажот починал од сезонски или свински грип

Грипот, кој во Албанија добива се пошироки размери, денеска ја однесе и третата жртва.

Станува збор за 37-годишен маж од градот Грамш, но се уште не е потврдено дали тој починал како последица на сезонски или на т.н. свински грип, од кој претходно починаа двајца мажи од Елбасан.

Двајцата мажи од Елбасан во Инфективната клиника во Тирана биле донесени во средата во тешка здравствена состојба, по што во петокот почина едниот од нив, на возраст од 41 година, додека вчера како последица на грипот почина и неговиот 46-годишен сограѓанин.

Според докторката од албанскиот Институт за јавно здравје, Силва Бино само минатата недела во Албанија биле регистрирани нови 19.000 случаи на заболени од грип .

– Бројот на заболени од грип расте. Сепак нема место за паника. Состојбата е речиси идентична како и во земјите во регионот, Италија, Македонја, Црна Гора, па и цела Европа. Препорачувам да се вакцинираат хроничните болни и лицата со ослабен имунитет и со зголемена телесна тежина, изјави Бино.

Иститутот, според неа, обезбедил 100.000 вакцини против грип, од кои половина се донација од американска агенција.

Локални избори 2021