четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 158
home Регион

Трамп ќе именува нов амбасадор во Приштина

Трамп ќе именува нов амбасадор во Приштина

Американскиот претседател Доналд Трамп планира да го именува дипломатот од Вирџинија, Филип С. Коснет за нов амбасадор на Соединетите Американски Држави во Приштина, објави Белата куќа.

Во соопштението, што го пренесува Гласот на Америка на албански јазик, се наведува дека Коснет во текот на кариерата во Министерството за надворешни работи работел во осум мисии на САД во Европа, Азија и Блискиот Исток, како и функционер на Стејт департментот.

Како што јави дописникот на МИА до Приштина, косовските медиуми нагласуваат дека тој и порано учествувал во американска мисија во Косово.

Според негова официјална биографија, Коснет бил заменик шеф на Мисијата во Узбекистан и на Исланд, како и на политички, политичко-воени и економско-трговски позиции во Авганистан, во Ирак, во Косово, во Холандија и во Јапонија.

Во Приштина Коснет доаѓа од позицијата вршител на работите во Амбасадата на САД во Анкара.

Зборува турски, руски, холандски и јапонски јазик.

Амбасадор на САД во Приштина во изминатите три години беше Грег Делави.

МИА

Коронавирус