среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 0
home Регион

Трагедија: Загина девојка при верижна сообраќајка на автопатот Белград- Нови Сад

Трагедија: Загина девојка при верижна сообраќајка на автопатот Белград- Нови Сад

Една девојка загина синоќа при верижен судир на неколку возила на автопатот Белград- Нови Сад.

Како што јави Танјуг, судирот, во кој учествувале камион и неколку автомобили, се случил околу 21:45 часот на делницата од автопатот меѓу местата Нови Карловци и Стара Пазова.

Причините за верижниот судир засега не се познати.

Поради несреќата автопатот бил затворен за сообраќај повеќе од еден час, што резултирало со формирање на колона возила долга неколку километри.

Коронавирус