сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 125
home Регион

Трагедија во Србија: Се удавија две братчиња во езерото Очага

Трагедија во Србија: Се удавија две братчиња во езерото Очага

Две братчиња од Лазаревац се удавија денеска во водите на езерото Очага кај Лазаревац.

Децата се бањале во езерото и во еден момент исчезнале. Родителите кои во тоа време биле во плиткото со нивното бебе, ги алармирале спасувачите.

Децата по 15 минути се извадени на копно без свест, а лекарите од Итната помош половина час се бореле за нивните животи, но за жал не успеала реанимацијата.

Мајката Драгана, вели дека кога момчињата исчезнале, спасувачите, но и пливачите, тргнале во потрага. Сепак, вели дека премногу долго ги барале на брегот, а не во водата.

– Тие веднаш не скокаа во вода, ако го сторае веднаш децата ќе беа живи. Трчаа наоколу. По еден час, го извадија помлиот за нозете, а потоа и постариот, продолжи неутешната мајка.
А, потоа солзи ѝ дојдоа на очи.

– Ги нема, моите деца ги нема …

Драгана додава дека тие за прв пат заминале во езерото Очага.

– Можеби така требаше да биде. Што да кажам? Се грижев за ќерка ми. Не беше длабока вода, не знам како можеа да се удават. Ги најдоа еден до друг, рече на крајот Драгана М.

Коронавирус