четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 86
home Регион

Трагедија во основно училиште: Дете одеднаш паднало од столче- прваче почина вчера за време на настава

Трагедија во основно училиште: Дете одеднаш паднало од столче- прваче почина вчера за време на настава

Ученик на шестгодишна возраст (Ф.Ј.) во прво одделение во Основното училиште „Зенеј Хајдини“ во село Рајница кај Прешево, починал вчера за време на настава. Според сведочењето на наставничката Ифета Ибрахими, момчето на почетокот на петтиот час само одеднаш паднало од столчето.

-Детето не се пожали дека нешто го боли, а никому не му е познато дека имало здравствени проблеми. Кога падна од столчето го кренав и повикав помош. Брзо го однесовме на лекар , рекла наставничката.

Шукри Имери, директор на училиштетот кажал дека докторите 20 минути се обидувале да го реаниимираат, но можеле само да констатираат смрт.

Директорот додал дека момчето било покрупно и повисоко од останатите деца и дека во текот на денот не се жалело на тегоби. Обвинителката од Врање, Данијела Трајковиќ поттврдила дека момчето починало поради проблеми со срцето.

На телото на момчето немало видливи повреди.

Коронавирус