петок, 13. декември 2019. Вести денес: 0
home Регион

Трагедија во Нови Сад: Маж загина во експлозија во фабрика за месо, неколку лица повредени (ВИДЕО)

Трагедија во Нови Сад: Маж загина во експлозија во фабрика за месо, неколку лица повредени (ВИДЕО)

Еден 57-годишен маж загина во експлозија на котел во фабриката Месна индустрија Матијевиќ во Нови Сад.

Екипата на брза помош, која добила дојава три минути пред 12 часот, излегла на лице место и само констатирала смрт, јави телевизијата Н1.

Медицинска помош му била укажана на еден 45-годишен маж, кој потоа бил пренесен на Клиниката за очни болести при Клиничкиот центар на Војводина.

Според некои српски медиуми, во експлозијата се повредени неколку лица.