недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 98
home Регион

Трагедија во Хрватска: Млада политичарка со скоро 2 промили алкохол во крвта возела во спротивен правец и убила човек (ФОТО)

Трагедија во Хрватска: Млада политичарка со скоро 2 промили алкохол во крвта возела во спротивен правец и убила човек (ФОТО)

Вера Бегиќ-Блечиќ (36), секретар за спорт на градот Спилт, мртва пијана возејќи во спротивен правец предизвикала сообраќајна несреќа во која што загинал еден човек.

Како што соопштуваат хрватските медиуми, Блечиќ возела пијана, со 1,81 промил алхохол во крвта.Таа возела во спротивн правец по автопатот Нова Вас-Вишијан и удрила во шкода во кој што било тричлено семејство од Словенија. По сообраќајката таа не застанала туку продолжила да вози по мостот Мирна, по што со автомобилот удира во заштитната ограда, па отако била отфрлена од ударо со пежото удрил во автомобил со пулски регистерски ознаки .Од силниот удар возилото од Пула се превртело ,а нејзиното возило повторно удрило во оградата од мостот.

Од задобиените повреди 41-годишниот возач починал на самото место , а детето и жената минале со лесни повреди. Лесно повредена била и секретарката за спорт

Ова не и е прва сообраќајка на Вера Бегиќ-Блечиќ . Слична сообраќајка таа имала и во јуни, кога се забила во автомобил во кој што биле мајка и дете, по што избегала., оставајќи ја мајката со детето заробена во автомобилот.

Пет часа подоцна полицијата ја пронашла. Било утврдено дека во крвата има 0,42 промили алхохол. Тогаш изјавила: „Ќе ја платам казната и ќе ја понесам одговорноста. Ќе се сокријам со ушите и друг пат ќе бидам паметна.“

Коронавирус