четврток, 16. септември 2021. Вести денес: 127
home Регион

ТРАГЕДИЈА: Новороденче беше најдено покрај пат во коприви- почина во болница во Лесковац

ТРАГЕДИЈА: Новороденче беше најдено покрај пат во коприви- почина во болница во Лесковац

Новороденче кое вчера беше најдено помеѓу коприви покрај планински пат кон селото Оргулица, утринава почина.

Полицијата ја пронашла 32- годишната М.С за која се сомневаат дека го оставила женското бебе веднаш после раѓање, иако таа тоа го негира, но според српските медиуми, медицински тим веќе утврдил дека таа неодамна се породила.

Таа се наоѓа во болница во Лесковац и моментално е под полициски надзор.

Според сведоштво на лекарите, бебето било пренесено во болница во многу лоша состојба, и утринава дошло до компликации и починало.

-Нашиот персонал даде се од себе за да ја спаси, но за жал не успеа- рекол директорот на болницата во Лесковац.

Коронавирус