петок, 14. јануари 2022. Вести денес: 25
home Регион

ТРАГЕДИЈА: Македонска државјанка почина во приштинската болница по сообраќајна несреќа

ТРАГЕДИЈА: Македонска државјанка почина во приштинската болница по сообраќајна несреќа

Државјанка на Северна Македонија починала вчера во Клиничкиот универзитетски центар на Косово, како последица на повредите здобиени во неодамнешна сообраќајна несреќа, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во кратката информација во 24-часовниот извештај на косовската полиција се наведува дека несреќата во која настрадала жената се случила на 3 јануари на националниот пат Приштина – Урошевац.

По налог на надлежен обвинител, телото на покојната жена, за чиј идентитет нема податоци, е пренесено во Институтот за судска медицина за обдукција.

Коронавирус