недела, 15. септември 2019. Вести денес: 77
home Регион

ТРАГЕДИЈА ГО ПОТРЕСЕ РЕГИОНОТ: Тргнале да се подготват за Ѓурѓовден, сега спремаат погреб за детето

Нивните соседи велат дека станува збор за прекрасно и вредно семејство и дека оваа трагедија ги погоди сите. 
ТРАГЕДИЈА ГО ПОТРЕСЕ РЕГИОНОТ: Тргнале да се подготват за Ѓурѓовден, сега спремаат погреб за детето

Во сообраќајната несреќа која се случила во четвртокот на патот Љиг-Прељина, кога се преврти автомобил во кој се наоѓало четиричленото семејство Србљиновиќ, загинал 12-годишниот Душан, додека неговиот постар брат (17) е тешко повреден.

Нивните родители Светозар (46) и Весна (43)  поминале со лесни повреди и не се во животна опасност.

Нивните соседи велат дека станува збор за прекрасно и вредно семејство и дека оваа трагедија ги погоди сите.

– Сите сме шокирани, голема трагедија го зафати ова семејство, но и сите нас. Вчера Светозар дошол од работа, работи како инжинер, тргнале кај неговиот татко кој живее сам, отишле да му ја подготват славата. Наместо во недела да го прослават Ѓурѓовден, треба да подготват погреб за синот. Овде во куќата е само нивната баба, мајката на Весна, во ужасен шок е, свештеникот е со неа, телефонот постојано ѕвони, голема е тагата, рекла низ солзи сосетката на ова семејство.