петок, 22. март 2019. Вести денес: 46
home Регион

Тој загина, а таа се бори за живот: Го чекаа своето прво бебе, а им се случи огромна трагедија

Тој загина, а таа се бори за живот: Го чекаа своето прво бебе, а им се случи огромна трагедија

Дваесет и шест годишниот Стефан И. загина во тешка сообраќајна несреќа која се случи кај Крушевац, а неговата бремена жена е тешко повредена и лекарите се борат да ѝ го спасат животот.

Во несреќата која се случи утринава во 7 часот, кога се судриле автобус од компанијата „Југопревоз“ и автомобил „фиат пунто“, возачот на автомобилот загинал на лице место, а жената, трудница во поодмината бременост, која била со него во возилото, префрлена е во болница, каде е породена со царски рез.

Според последните информации, жената и понатаму е во критична состојба и поради додатни компликации во тек е втора хируршка интервенција.

-Живеат во Џунис, мојот син со снаата. Требаше на 24. јануари да се породи. Снаата е домаќинка, син ми работеше приватно…Го чекаа првото дете – рекла мајката на загинатото момче.