среда, 19. февруари 2020. Вести денес: 3
home Регион

Точел гориво и избегал без да плати: Државјанин на Македонија заврши зад решетки во Косово!

Точел гориво и избегал без да плати: Државјанин на Македонија заврши зад решетки во Косово!

Државјанин на Македонија е уапсен на магистралниот пат Урошевац- Скопје, бидејќи со неговата кола, точел гориво на една од бензинските пумпи во Косово и избегал без да плати. Сметката била 35 евра.

Осомничениот е запрен на граничниот премин Хани Елезит и бил спроведен во полициска станица.
Направената контрола покажала дека истиот бил под дејство на алкохол.

Со одлука на надлежен обвинител, на осомничениот му е изречена мерка притвор од 48 часа.