четврток, 17. јуни 2021. Вести денес: 45
home Регион

Тлото во Хрватска не мирува и по два месеци: Утрово неколку нови потреси ги вознемири жителите на Петриње

Тлото во Хрватска не мирува и по два месеци: Утрово неколку нови потреси ги вознемири жителите на Петриње

Tлото во Хрватска не се смирува. Утрово се регистрирани два нови земјотреси со епицентар во областа Петриње со магнитуда од 3,7 и 3,3 степени според Рихтер, информираа сеизмолошките служби.

Првиот посилен земјотрес, според објавените податоци, се случил во 4:55 часот утрово, додека вториот во 5:19 часот.

После тоа следеле уште неколку послаби земјотреси со магнитуда од 1,9 и 2,7.

Од крајот на декември хрватското тло го погодија серија земјотреси.

Најкатастрофалниот се случи на 29 декември 2020 и ги погоди централните делови на земјата. Имаше седум жртви: девојче од Петриње, пет лица во Мајске Полјане кај Глина и маж од Жажине, но и десетици повредени. Беа оштетени повеќе од 2 00 објекти, а најмногу страдаше центарот на Петриње.

ЕУРО 2020

Македонија