сабота, 19. октомври 2019. Вести денес: 0
home Регион

Тлото не мирува: Уште 25 силни земјотреси во Албанија, последниот во 9 изутрина (ФОТО+ВИДЕО)

Тлото не мирува: Уште 25 силни земјотреси во Албанија, последниот во 9 изутрина (ФОТО+ВИДЕО)

После силниот земјотрес од 5,6 степени според Рихтер што ја погоди Албанија, изминатото деноноќие имаше уште 25 земјотреси со јачина од околу 3,5 степени, а последниот се случи окоу 9 часост изутринава.

Жителите на Драч и тирана воглавно ноќта ја поминаа под отворено небо.

Министерката за одбрана Олта Џачка во изјава за медиумите доцна синоќа го презентираше првичниот извештај за последиците од двата силни земјотреса што вчера попладне ја погодија Албанија.

-Според првичните официјални информации, иако овие информации се ажурираат од минута во минута бидејќи тимовите ја скенираат ситуацијата на теренот, до овој момент има 68 пријавени повредени, но во сите случаи станува збор за полесни повреди. Она што е најбитно е што немаме загуба на животи, рече Џачка.

Според неа поголема материјална штета е причинета на куќи и станбени згради, пред се во Драч и во Тирана.

– До сега главно се регистрирани оштетувања на ѕидови и друга штета во 46 куќи и три станбени згради во Тирана, 42 куќи, главно стара градба и 4 станбени згради во Драч, во Либражд 7 куќи, во општина Клос-Пешкопеја три објекти се оштетени а една куќа урната, од една до четири куќи се оштетени во Берат, Фиер и Лежа. Оштетени се и неколку возила врз кои паднал материјал од објекти. Потврдено е дека земјотресот не предизвикал никаква штета на нафтените извори, рече Џачка.

Таа посочи дека Министерството за одбрана, за внатрешни работи и за здравство се во целосна готовност да им помогнат на граѓаните и да се грижат за нивната и безбдноста на нивниот имот.

Џачка информираше дека за сите граѓани чии домови се оштетени и опасни за живеење општинските власти подготвуваат посебни центри каде ќе бидат сместени.